Отворен повик за учество во театарската работилница „Дали театарот може да биде револуционерен?“

ЛГБТ центарот за поддршка, со задоволство ги поканува сите заинтересирани (работилницата е отворена за сите, без разлика дали сте) младински работници, едукатори, студенти, уметници, перформери, глумци и активисти, да земат учество во целодневната театарска работилница насловена „Дали театарот може да биде револуционерен?“, организирана во рамките на проектот „Perform2Reform (P2R)“. Работилницата ќе ја води актерот Дени Стојанов, кој го режираше перформансот „Ј А С Н Е М А“, создавајќи ја методологијата на проектот.

Работилницата ќе се одржи на 14 декември во „Кино Култура“, а ќе трае од 09 до 17 часот. Оброците, кафе – паузите и превозот се покриени од страна на организаторот, а официјален јазик на работилницата е англиски. Регистрацијата е отворена до 10 декември и можете да ја пополните тука.

Во текот на работилницата, ќе се презентира методологијата употребена за создавање на перформансот „Ј А С Н Е М А“, а ќе се започне со детектирање на проблемите и потребите на ЛГБТ+ заедницата во нашата земја, ќе се зборува за работите кои треба да се променат и дали тие промени може да се постигнат преку форми на уметност. Работилницата ќе ги запознае учесниците со методологијата “Театар за социјална промена“, а со употребата на различни техники, импровизации и вежби, ќе се демонстрира колку силна алатка може да биде театарот, особено во решавањето на проблеми и создавање на промени во општеството. Учениците ќе експериментираат со пишување на сценарија и создавање на перформанси, базирани на малтретирање (bullying) кое некогаш се случило. Преку вежбање на раскажување на приказни, ќе се разговара на неколу приказни. Истите приказни подоцна ќе се искористат за да се истражуваат можностите за креативно театарско искажување. За создавање на карактерите и сцените, ќе биде употребена естетската форма на циркусот, бидејќи нуди можности на метафоричен начин да се прикажат несигурноста, стравот, заедништвото, различноста, опасноста, ризикот, срамот и гордоста.

Проектот „Perform2Reform (P2R)“ бара развивање на нови перформанси и метологии кои ќе ги адресираат темите на сексуалнот диверзитет. Пет организации од пет европски држави ќе го спојат своето знаење и искуство со цел да ги опремат младинските работници со алтернативни алатки со кои што ќе може да се негува инклузијата помеѓу помладата демографија. Различните, па дури и спротивставени контексти од Кипар, Грција, Северна Македонија, Словенија и Холандија ќе се спојат за заедно да создадат силни и адаптилни техники за младинските работници. Проектот е помогнат од програмот „Erasmus+ Key Action 2“ на Европската Унија.