Отворен повик за учество на новинарскиот фестивал за млади „On the record 2016“

Меѓународниот фестивал „On The record“ 2016 година, по четврти пат се одржува годинава во Нови Сад, Србија.

Се работи за фестивал на кратки информативни и документарни ТВ-прилози, прилози на радио или печатени медиуми за младите новинари и студентите од новинарство, а ќе се одржува три дена во трање од 26 до 28 мај, 2016 година.

Фестивалот го организира Одделот за медиумски студии при Филозофскиот факултет од Нови Сад, со цел да ја промовира и да ја подобри практичната работа помеѓу младите новинари и студентите.

Може да се аплицира за следните категории:

– ТВ-прилог во должина не повеќе од 10 минути;
– Радио-прилог не подолг од 10 минути;
– истражувачки текстови од оналјн медиуми;

Тројца еминентни новинари од регионот ја носат одлуката за наградите, како и една од гласовите од публиката.

Еден учесник може да аплицира само со една апликација. Апликацијата е отворена до 1.мај годинава на контакт адресата: on.the.record021@gmail.com, а изработениот материјал може да се испрати преку Dropbox, Wetransfer и други алатки кои служат за онлајн пренесување на материјал.

Прилогот кој се пријавува не може да биде постар од 2 години, а треба да биде испратен на англиски јазик.

Патните трошоци и сместувањето во Нови Сад ги покрива организаторот.

Формуларите за пријавување се достапни на следниов линк, а за повеќе информации на официјалната Фејсбук страницата на фестивалот.