Отворен повик за учество на деветтиот Меѓународен студентски конкурс за плакат

Плакарт – Здружението на графички дизајнери го објави новиот деветти Меѓународен студентски конкурс за плакат. Оваа година Советот на МСКП и Скопје постер фестивалот одлучи да стави акцент на темата на идентитетот како актуелно и горливо прашање со кое е засегнат светот.

Студентите на сите образовни нивоа (колеџи, високи школи, факултети, магисерски и докторски студии на уметност, дизајн, визуални уметности) може да аплицираат на деветтиот Меѓународен студентски конкурс за плакат до 30 октомври 2016 година. Темата на овогодинешниот фестивал не случајно носи наслов „Криза на идентитетот“.

Двајца победници ќе бидат подеднакво наградени:

1. Учество во жири селекцијата на 10. Скопје постер фестивал (вклучително и покриени трошоци),

2. Организација на изложба на свои авторски плакати за време на 10. СПФ во 2017 година,

3. ICOGRADA Сертификати.

Деветиот МСКП е поддржан од Министерството за култура и град Скопје, а фестивалски партнер ќе биде Музејот на град Скопје. Жири членовите кои во текот на месец ноември ќе ги изберат победниците ќе бидат наскоро објавени.

За повеќе информации за конкурсот, начинот и условите за аплицирање на следниот линк.