Отворен повик за реге групи за учество на 13-то издание на „Bob Marley Day“

На 15 мај во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 13-то издание на „Bob Marley Day“, најавија организаторите на манифестацијата, која постои од 2003 година.

„Поминаа многу години позади нас, оваа е 13-та година.Од 2003, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот“, пишува на официјалниот Фејсбук настан.

Целта на настанот, според организаторите, е да се доближи реге музиката и пораката на Bob Marley – One love, One heart, a world without borders, до сите луѓе.

Сите млади и талентирани бендови кои што свират реге можат да се пријават за учество на тел. бр. 075 72 86 82 или директно на ФБ настанот.