Отворен повик за проектот „Децата од првата клупа“ за меѓуврсничко насилство кај средношколците

На 13 декември (недела) со почеток од 18 часот, преку онлајн платформата Zoom, ќе се изведува драмската претстава „Децата од прва клупа“, која е дел од истоимениот проект подготвен од Булфрогс Продукција и Здружението за уметнички и едукативни вредности – ДрамАрт, а поддржан од Град Скопје.

Сите заинтересирани средношколци од Скопје за учество во проектот можат да се пријават на повикот.

Претставата е наменета за сите средношколци на возраст од 15-18 години, запишани во средните училишта на Град Скопје.

„Децата од прва клупа“ обработува теми поврзани со меѓуврсничко насилство, преку прикажувањена различни искуства за меѓуврсничко насилство кои ги доживеале младите.

Според организаторите, целта на претставата е преку актерска игра да се прикажат последиците од меѓуврсничкото насилство кајмладите, како и да се поттикне негово препознавање од страна на младите. По претставата, публиката ќе има можност да се вклучи во отворена дискусија за меѓуврсничко насилство соактерите и педагозите.

„Бидејќи секој од нас е сведок дека насилното однесување зема се поголем замав, ваквите видовина проекти можат само да придонесат позитивен раст во однос на намалување на врсничкотонасилно однесување. Кога го споменуваме насилното однесување мислиме на прекршување направата на децата или младите или загрозување на нивниот живот. Начини на кои можат да сепрекршат нивите права се многубројни, без разлика дали станува збор за навреда, удирање, дискриминација, отфрлање или било која активност што предизвикува вознемиреност, срам, или страв може да се смета за насилство. Прекршувањата на правата на децата и младите не се случувасамо во рамките на семејството. Тие се случуваат на улиците меѓу врсниците, а во последно време најмногу во училиштата. Од таа причина е инспирацијата за започнување на нашиот проект кој треба по неговата реализација да покаже позитивни ефекти и намалување на насилствата помеѓуврсниците“, се вели во најавата за „Децата од првата клупа“.

Продуцент на претставата е Александра Никифоровски – Булфрогс Продукција, во соработка со Здружението за уметнички и едукативни вредности – ДрамАрт.

Режијата е колективна, а во претставата играат актерите Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Винета Дамческа и Бојан Лазаров.Како стручни лица во областа на педагогијата се вклучени Мила Пановска и Сузана Аврамовска.