Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2020”, кој ќе го одржи своето десето издание оваа година.
Учесниците во периодот од 9-ти до 14-ти март ќе се натпреваруваат во неколку категории како „Sumo“, „Sphero“, „Machine Learning“, „Line Follower“ и „Self racing cars“. Освен натпреварот, учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од својот интерес.
Пријавените ќе може да работат во парови, со цел да ги надоградат и усовршат своите знаења и вештини, но и да соработуваат со студенти од земјава и странство.
Финалниот натпревар во сите категории на „RoboMac 2020” ќе се одржи на 14 март во Дом на АРМ со почеток од 18 часот.
„Robomac“ е организиран од страна на Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ, а подетални имформации за овој настан може да најдете на веб страната на настанот.