Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2015“

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ 2015 објавува отворен повик за пријавување филмови за шестото издание, кое ќе се одржи од 25 до 29 ноември во Скопје.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон и кои претходно не биле пријавени на „Мобил Фестивал“. Должината на снимениот материјал не смее да биде подолг од 10 минути. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување.

Краен рок за пријавување на филмовите е 20 ноември 2015 година, додека филмовите кои ќе пристигнат потоа ќе влезат во конкуренција за следната година.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Инернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телофон.

„Мобил Фестивал“ е во организација на продуцентската куќа КТ Филм и Медиа, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Годинава преку партнерската Мобил Филм Фестивал „1 Мобилен 1 Минута 1 Филм” од Франција ќе биде овозможено и пријавување на филм на #climatechange, за кој ќе може да се освои награда од 30.000 евра.