Отворен повик за онлајн обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион

Менторската мрежа „Стела“ отвори повик за учество на обука за претприемништво за девојки и жени од Jугозападниот регион, односно Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа.

Онлајн обуката ќе се одржи на 5 септември со почеток од 10 часот на платформата за комуникација „Зум“.

Целта на обуката е да се зајакне знаењето и да се подобрат вештините на девојките и жените во областа на претприемништвото, особено за планирање и започнување бизнис, како и за постоечките можности за финансирање на бизнис идеи.

Обуката ќе биде водена од Весна Иваноска, генерална менаџерка на Едукативниот и развојниот центар „СЕАВУС“ –  и Радмила Живановиќ, кариерна советничка и психотерапевтка во „Психотерапика“.  Тие  ќе работат со учесничките на претворање на нивната идеја во бизнис план. Учесничките ќе добијат сертификат за учество и можност за индивидуално менторство.

Со дел од учесничките, „Стела“ ќе продолжи индивидуално да работи на развивање на бизнис идејата.

Заинтересираните можат да се регистрираат на тука, или да изразат интерес за учество на info@stella.mk.

На работилницата ќе биде обезбеден симултан превод од македонски на албански и обратно.