Отворен повик за наградата за социјално претприемништво

Граѓаните до 30 години кои имаат идеја за бизнис, која не е постара од една година, а поттикнува социјални промени, може да се пријават за годинешната награда за социјално претприемништво.

Social Impact Award заедно со Шпаркасе банка и „Бизнис импакт лаб“  бараат креативни и мотивирани млади кои имаат желба за создавање позитивна промена во општеството, стои во повикот.

За пријавување на повикот, потребно е да се пополни формата на следниот ЛИНК, најдоцна до 29 април.