Отворен повик за младински акции „Смисли, реализирај, промени“

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ распишува отворен повик „Смисли, реализирај, промени“ за младински акции за решавање на одреден проблем во општина Шуто Оризари.

„Во потрага сме по идеја која ќе третира одреден општествен проблем или недостаток, со чие реализирање младите ќе придонесат за подобрување на животот во оваа населба. Групата чија идеја ќе биде избрана на располагање ќе има 61.000 денари за реализирање на истата“, велат од „Надеж“.

Од таму објаснуваат дека областа во која ќе се делува е отворена, односно на учесникот е оставено да одбере проблем и тема на која ќе работи.

„Изборот на темата на акцијата треба да го направите врз основа на потребите на жителите на општината и со акцијата треба да се реши одреден проблем или да се започне со негово решавање. Целта на овој повик и избраната акција е да им се олесни животот на жителите на Шуто Оризари и да се поттикнат младите за преземање акција и вклучување во решавање на општествените проблеми“, велат од „Надеж“.

На повикот може да аплицираат групи составени од по пет члена на возраст од 18 до 30 години. Членовите треба да бидат од Шуто Оризари.

Повеќе инфорамации за повикот ТУКА.