Отворен повик за млади инфлуенсери „Борба против дезинформации – Борба за демократија“

Институт за медиуми и аналитика – ИМА го објави Отворениот повик за инфлуенсери во рамки на нивниот нов проект „Борба против дезинформации – Борба за демократија“, поддржан од Европската културна фондација (Culture of Solidarity Fund).

„Оваа иницијатива има за цел да ги охрабри и мотивира младите инфлуенсери низ Западен Балкан да се спротивстават на дезинформациите, говорот на омраза и штетната онлајн содржина, истовремено промовирајќи култура на емпатија, демократија и активно граѓанско учество“, велат од ИМА.

Од таму објаснуваат дека на повикот може да аплицираат млади инфлуенсери, активисти, уметници и креатори на содржина (на возраст од 18–27 години) од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои имаат најмалку 10.000 следбеници на социјалните мрежи.

Учесниците добиваат обука со експерти за борба против дезинформации и говор на омраза. Потоа, соработка со регионални инфлуенсери на јавна кампања на социјалните мрежи, но и 1.000 € (бруто) за создавање на влијателна дигитална содржина.

Краен рок за аплицирање е 31 март 2025.

Повеќе информации и линкови за апликацијата: македонскианглискиалбанскисрпски/босански/црногорски јазик.