Отворен повик за кастинг за невработени актери за музичко-театарски перформанс

„Јавна Соба“ во соработка со режисерката Теа Беговска организира кастинг за актери.

Кастингот е наменет за невработени дипломирани актери од кои се бара да имаат вокално-музички способности.

Рок на пријавување е 10-ти јануари, со испраќање име, презиме и возраст на otvorenkasting@gmail.com, а деталите за припрема за кастингот ќе бидат испратени по пријавите.

Кастингот ќе се одржува на 12-ти јануари (недела) во 14 ч во Јавна соба.

„Секој пријавен актер добива до 15 минутна можност за презентација пред жири во однапред договорен термин“, стои во повикот.