Отворен повик за графички дизајн на маица и апликација за комбе

Паратисима Скопје во соработка со компанијата за специјални ефекти и анимација fx3x од Скопје, Македонија објавува отворен повик за графички дизајн на апликација на маица и за апликација на транспортно комбе.

Сите уметници, дизајнери и заинтересирани креативци на локално, регионално и интернационално ниво имаат право на учество, независно од возраста и професионалната позадина.

Маицата може да биде изработена со сито и дигитален печат во бела и црна комбинација со кратки ракави, додека моделот на комбето е Mercedes-Benz Sprinter.

Еден автор може да се пријави со повеќе решенија. Секој предложен графички дизајн во него мора да го содржи називот на нарачателот fx3x каде што буквите „f“ и „x“ се мали букви.

Предлог решенијата за графички дизајн на маица, во предложениот дизајн не смеат да се повикуваат на или претставуваат карактер или јавно лице од било која филмска или анимациска сцени, да содржат цитати од сценарија од било која филмска или анимациска сцена и да бидат изрботени со кириличен фонт.

Секој автор кој учествува на конкурсот за графички дизајн на маица за fx3x ќе биде изложен во рамките на Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје од 12-14 јуни во Младинскиот културен центар.

Селектираниот графичи дизајн на маица за fx3x ќе биде медиумски објавен како победнички автор на конкурсот и ќе биде промовиран преку каналите за комуникација и промиција на Паратисима Скопје.

На авторот чиешто предлог решение е селектирано ќе му бидат доделени маици со испечатеното решение. Селектираниот графички дизајн ќе биде испечатен на 200 примероци за промоција на компанијата fx3x

Жирито за селекција на графичките дизајни се состои од раководниот тим на fx3x и официјалниот куратор на Паратисима Скопје Нада Прља.

Селекцијата на предложените графички дизајни за маица и апликација за комбе ќе бидат изложени на Интернационалниот саем за современа уметност – Паратисима Скопје од 12-14 јуни во Младинскиот културен центар.

До пет селектирани решенија од предложените ќе бидат испечатени на маици, додека сите останати предлози ќе бидат испечатени во изложбени формати на хартија. Изложбата ќе биде поставена од страна на кураторот на Паратисима Скопје, а сите авторски имиња ќе бидат наведени покрај изложените предлог решенија.

Сите предлог решенија за графички дизајн на маица и апликација за комбе треба да бидат доставени на contact@paratissimaskopje.mk до петок, 5 јуни, 2015.

Форматот на достава за маицата се jpg, pdf, а за комбето vector format. Предложените решенија кои ќе бидат доставени во поинаков формат од бараниот, нема да бидат прифатени – ќе бидат дисквалификувани.