Отворен повик за есеи „Ова е нашата иднина – визии на младите“

Канцеларијата на ФЕС Скопје отвори повик за есеи до сите млади луѓе за да ги споделат своите идеи, визии, добри практики, успешни приказни и другите одговори на предизвиците и загриженоста со која нашето општество се соочува денес. Темата на која ќе се пишуваат есеите е „Ова е нашата иднина – визии на младите“ (IT’S OUR FUTURE – VISIONS OF THE YOUTH).

Есеите треба да биде прогресивни, да гледаат кон иднината, мотивациски и конструктивни, да бидат базирани на конкретна идеја за акција или да имаат апстрактна нишка.

Есеите треба да се однесуваат на една или на повеќе од следниве теми:

– Младите во Македонија како активни и општествено одговорни граѓани: истражување на нови пристапи во младинскиот активизам;

– Создавање на инклузивно општество: изградба на мостови за демократски промени, толеранција, дијалог и мултикултурна коегзистенција;

– Нови перспективи за Македонија: создавање на држава на граѓаните со европски перспективи и разбирање на европските вредности.

Авторот не треба да бидепостар од 35 години. Должина на есејот е од 3-5 страници (единечен проред), да биде напишан на македонски или англиски јазик, а по можност и на двата јазика.

Најдобрите есеи ќе бидат објавени, а најдобрите автори поканети на петдневната посета на Берлин, Германија.

Посетата ќе биде реализирана од 13 до 17 октомври 2014 година. Ова патување ќе вклучува состаноци и дискусии за младите и граѓанскиот активизам, како и посети на политички институции и културни настани. Учесниците на посетата на Берлин мора да го познаваат англискиот јазик. Интервјуата на кандидатите ќе да се одржат во почетокот на септември.

Заинтересираните треба да испратат свое CV и есејот на e-пошта: contact@fes.org.mk, со назнака : „Отворен повик за есеи“. Крајниот рок за поднесување на есеите е 20 август 2014 година.