Отворен повик за есеи на „Член 1“

„Член 1 – Институт за глобални политики и право“ како истражувачка организација отворија повик за есеи со цел да придонесат кон апелот граѓаните да се придржуваат до социјалното дистанцирање и да поминуваат повеќе време дома.

Целта на повикот, како што велат од институтот, е да се допринесе кон збогатување на дебатата за влијанието на COVID19 врз соработката на меѓународните актери, но и кон акцијата #СедиДома #ОстаниДома.

Генералната тема за овој отворен повик за есеи е „Меѓународната соработка во време на пандемија“. А од „Член 1“ препорачуваат истражувачите да најдат подтема на која ќе се фокусираат во своите есеи. Како пример, тие нудат неколку поспецифични подтеми на кои заинтересираните можат да се фокусираат:

  1. Меѓународна соработка во рамките на меѓународните организации;
  2. Билатерална и/или мултилатерална меѓудржавна соработка;
  3. Меѓународна соработка меѓу недржавни актери во време на коронавирус пандемијата;
  4. Други режими на меѓународна соработка;
  5. Меѓународната соработка во областа на здравство/образование и наука/социо-економско заздравување на општествата/ трговија/ безбедност во време на коронавирус пандемијата.

Генерални информации:

  1. Есејот треба на биде напишан на македонски јазик и да биде помеѓу 800 и 1400 зборови.
  2. Есејот треба да биде напишан следејќи ги стандардите за академско пишување.
  3. Есејот треба да биде напишан на темата: „Меѓународна соработка во време на пандемија“.
  4. Учество во есејот може да земат истражувачи од полето на политиката и правото, со интерес во меѓународната политика и меѓународното право.
  5. Есеите треба да ги доставите на email адресата: article1institute@gmail.com до 15ти мај 2020 година.
  6. Есејот треба да биде придружуван со еден параграф вашата куса биографија и една ваша фотографија која ќе биде употребена за објавата на http://www.article1.mk

 

Повеќе информации за повикот за есеј може да најдете ТУКА.