Сеавус Инкубатор ги отвори апликациите за овогодишната пред-акцелераторска програма за ИТ стартапи. По успешните резултати од минатата година, овогодинешната програма ќе воведе многу новини како и скратено времетраење од 6 недели. Во текот на оваа недела тимовите ќе добијат бизнис знаење, вештини и алатки за претприемачи, сè со цел да им се помогне да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Како и минатата година програмата ќе заврши со Инвестиционен ден, на кој сите стартапи ќе можат да ги презентираат своите бизнис идеи, потреби за дофинансирање пред бизнис ангели, фондови на ризичен капитал (venture capital), инвестициони куќи и институционални инвеститори.
Учесниците повторно ќе работат со докажани домашни и интернационални ментори – професионалци со различна експертиза за развој на производ, изработка на бизнис план, маркетинг, финансии, монетизација кои покрај работата еден на еден со тимовите ќе имаат и отворени настани за сите заинтересирани.
Аплицирањето трае до 15 септември, а програмата започнува на 1 октомври 2017. Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: www.seavusincubator.com
Сеавус Инкубатор е бизнис инкубатор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии. Во Инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на стартапите.
Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено-одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.