Сите новинари кои во 2016 година продуцирале и објавиле истражувачки стории кои известуваат за општествени прашања поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 7 април 2017 година.
Наградата е воспоставена од Европската Комисија, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите.
Целта на Наградата е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.
Конкурсот вклучува и под-категорија „награда за најдобра сторија од млад новинар истражувач“, со цел да се промовираат младите генерации новинари истражувачи.
Наградата се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и во Турција. Годишниот награден фонд за секоја земја изнесува 10.000 евра. Во секоја држава ќе бидат наградени од една до три истражувачки приказни, а поединечните награди ќе изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра.
Процесот на доделување на наградата го администрира партнерство на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана. Македонскиот институт за медиуми, како член на партнерството, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во земјава.
Краен рок за пријавување е 7 април 2017 година.
За повеќе информации поврзани со Наградата: eunagrada@mim.org.mk
Документите за аплицирање (на македонски и албански јазик) се достапни на: www.mim.org.mk/eunagrada