Отворен конкурс за новинарски стипендии на БИРН

Ако некој има идеја за добра приказна, сака да се усоврши или му се потребни пари за до крај да ја истражи темата што го интересира, може да се пријавете за новинарска стипендија на Балканска истражувачка мрежа (БИРН).

Секоја година на отворен конкурс се избираат десет новинари кои добиваат пари и професионална поддршка за своите прекугранични истражувања. За 2019 година темата е: слобода.

Повикот е отворен за новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Косово.

Кандидатите што ќе ги избере независна комисија ќе добијат стипендија од 2.000 евра, како и дополнителни 2.000 евра за трошоците за патување и истражување. Освен тоа, тие ќе имаат шанса да ја успвршат својата работа преку учество на семинари и соработка со меѓународно признаени уредници, а нивните текстови ќе бидат објавени во релевантни регионални и европски медиуми.

Програмата Балканска стипендија за новинарска извонредност е воспоставена во 2007 година и таа промовира квалитетно и одговорно известување за регионални прашања. Досега низ програмата поминале повеќе од стотина новинари кои сега членови на алумни мрежата.

Формуларот за пријавата, насоките и повеќе информации за стипендијата се достапни на интернет-страницата на програмата.

За дополнителни информации пишете ни на fellowship@birn.eu.com