Отворен конкурс за демо рап песна

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти.

Целта на овој повик е развој на домашната сцена и да овозможи простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства.

Избраните бендови или артисти ќе добијат:

-професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за вашата песна во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy);

-парична награда од 250 евра.

Што треба да направите?

Изберете било каква музика (ваша или случајна музичка подлога), напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал;

-Вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ни ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Facebook/Instagram профил, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост;

– Ако праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020г. на нашата адреса: centar.jadro@gmail.com со назнака „РапДемо2020“.

-Може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ја пратите и без никаква обработка, само бидете сигурни дека квалитетот на снимката е добар;

– Доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија.

,,Ги охрабруваме сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио”, велат од ,,Центар-Јадро”.

Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере 6 песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка.

КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки, а најдобрите 6 песни кои ќе бидат направени во професионалните студија ќе ги сподели на своите социјални медиуми. Покрај ова, демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани.

Пријавите можат да бидат најдоцна испратени до 8 ноември 2020 година.

Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во РСМ.