Отворен е повикот за учество во програмата „OneBeat Balkans 2020“ за млади музичари од регионот

Отворен е повикот за учество во програмата „OneBeat Balkans 2020“, наменета за млади музичари и музичарки, од 19 до 35 години, кои се државјани на Албанија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Србија и САД.

Тие од 31 март до 23 април 2020 година заедно ќе свират, ќе создаваат нова музика и ќе патуваат низ Балканот за да промовираат соработка, заедништво и еднаквост

Линкот за пријавување е https://apply.balkans.1beat.org, а рокот за пријавување е 10 февруари, 2020 година.

OneBeat Balkans 2020 ќе спои 10 општествено ангажирани музичари и музичарки, кои заедно ќе ствараат музика како и мултидисциплинарни дела, ќе водат јавни работилници и ќе ја користат уметноста за да се обидат одново да воспостават доверба и економски развој помеѓу поделените подрачја на Балканот.

Програмата трае 24 денови, од 31 март до 23 април 2020, и опфаќа две неделна музичка резиденција во селото Мали Иџош (Србија), после што ќе следи отварање на десетдневната турнеја со концерт во Нови Сад, продолжувајќи по други градови на Балканот, кои дополнително ќе бидат објавени. Концертот во Нови Сад е поддржан од страна на Град Нови Сад.

OneBeat Balkans е дел од поголем глобален проект – OneBeat, кој настанува во САД, на иницијатива на Државната канцеларија за образование и култура при Американскиот Стејт Департмент, а е спроведен од организацијата Bang on a Can’s Found Sound Nation. OneBeat претставува еден музички инкубатор, каде музичари од целиот свет стартуваат колаборативни проекти, осмислени со цел да влијаат позитивно на локалните и глобалните заедници.

Со се поголем број алумнисти ширум светот, се отвара простор за креирање на OneBeat програма и надвор од границите на САД, па така во 2019 настанува и за прв пат се одржува OneBeat Balkans, кој е реализиран од страна на организацијата Balkan Art Zone, чиј уметнички директор е Бајрам Кафу Киноли, исто така алумнист на OneBeat програмата.

OneBeat Balkans 2020 ќе започне со двонеделен престој на музичарите во селото Мали Иџош, каде тие ќе создаваат оригинална музика, ќе развиваат нови музички идеи, но и проекти наменети за локалните заедници. После тоа ќе тргнат на десетдневна турнеја низ неколку градови, каде што ќе одржат концерти, ќе соработуваат и свират со локални музичари и ќе водат работилници наменети за младите.

Во текот на овие 24 денови, секој учесник ќе ја има можноста да развива идеи и проекти кои подоцна би се спровеле во матичната држава/територија и кои ќе бидат дел од OneBeatопштественото движење, инспирирано од музика.

Музичарите и музичарките не мора да имаат формално музичко образование. Исто така, нема ни жанровски ограничувња. Конкурсот е наменет за сите музичари, било да свират традиционална или народна музика, хип хоп, џез или експериментална, електронска или класична музика, а добродојдени се и оние кои се занимаваат со дизајн на звук и мултимедијални уметности.

OneBeat Balkans е бесплатна програма, а трошоците за пат, сместување и храна се покриени со проектот. Учесниците нема да добијат парични надокнади за поединечните концерти, но е предвидена еднократна стипендија за комплетно учество. Учеството на OneBeat Balkansпрограмата ќе им пружи можност да создаваат нова музика, да развијат доживотни музички партнерства и пријателства, да направат турнеја низ Балканот и да воспостават професионални врски.

Покрај основните лични податоци, пријавниот формулар содржи и дел во кој кандидатите треба да постават три до пет примери од нивен самостоен труд или од труд во соработка со други (ќе бидат прифатени аудио и видео записи). Покрај тоа, потребно е да го објаснат својот музички контекст, да ги претстават своите интереси и идни проекти и цели.

Критериуми за избор:

Музичка уникатност – висок квалитет на музицирање, компонирање, импровизација, продукција. Идеално, OneBeat Balkans музичарите ќе се занимаваат со стилски, текстуални или технолошки иновации во нивниот музички свет.

Кооперација – отвореност и желба на учесниците да ги надминуваат културолошките и музичките поделби во создавањето на оригинална музика или во интерпретацијата на традиционалната народна музика, почитувајќи ја суштината на секоја традиција. Кандидатите би требало да бидат отворени и подготвени да пробаат нови музички изрази.

Општествен ангажман – музичари кои преку својата музика на некој начин служеле во своето општество или заедница, било да се работи за подучување на младите, или ангажирани текстови кои содржат општествени и политички теми, или оживување на музичките традиции.

Познавање на англиски јазик – потребно е кандидатите да можат да комуницираат на англиски јазик бидејќи тој е официјалниот јазик на OneBeat Balkans програмата.

Земја на потекло и престој – кандидатите треба да бидат државјани на една од следните земји: Албанија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Србија и Америка и да живеат во тие земји.

Програмата OneBeat Balkans е иницијатива на Државната канцеларија за образование и култура при американскиот Стејт департмент, која е спроведена од организацијата Balkan Art Zone, со додатна поддршка од организацијата Found Sound Nation, Амбасадите на САД во Косово,Србија и на Црна Гора и Град Нови Сад.

Повеќе информации околу програмата:https://apply.balkans.1beat.org/.За дополнителни прашања обратете се на мејлот: onebeatbalkans@gmail.com.