Отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица денес беше отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост, кој е на површина со 200 квадртни метри и со просторија за рехабилитација.

Според Министерството за труд и социјална политика, Центарот ќе им го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во градот и околните места.

„Центарот е отворен за целото општество, и во мементот го посетуваат 16 лица кои ќе ја добијат потребната нега, едукација и социјализација. Во центарот со лицата со попреченост ќе работат логопед, социјален работник и две негователки“, изјави денес министерката Мила Царовска.

Градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека во дневниот центар покрај лицата со интелектуална попреченост до 18 години ќе бидат опфатени и возрасни лица.

„Во центарот ќе има програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а ќе се работи и во група и со родителите на корисниците“, објасни Стаменковска.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Заменичката на постојаната преставничка на УНДП во Р.Македонија, Нарине Сахакјан, истакна дека се горди што тесно соработуваат со МТСП и се среќни што Македонска Каменица посебно што децата со попреченост и нивните семејтсва ќе ги почуствуваат бенефитите од овој центар.

„Инвестирањето во услугите за грижа не само што им овозможува на нашите сограѓани да ги остварат своите права, туку исто така служи како стимул за создавање нови работни места, особено во секторите богати со работни места за жени. Четирите ангажирани лица во Дневниот центар се преку општо корисна работа и со работата со децата ќе го стекнуваат потребното професионално искуство“, изјави Сахакјан.

Во објектот Општина Македонска Каменица инвестираше 12,3 милиони денари, а внатрешното уредување е со средства од Министерството за труд и социјална политика.