Отворен ден во Скопје Лаб – Центарот за иновации на Град Скопје

Во понеделник (24 јули) во периодот од 11 до 13 часот Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб организира отворен ден на кој сите заинтересирани граѓани може да се информираат за работата на центарот, неговата улога и проектите и активностите кои ќе се реализираат во следниот период.

Центарот беше официјално отворен на 6-ти јули и претставува експериментален простор и место за соработка, каде што граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските, јавните и образовните организации и институции заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и да развиваат иновативни решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.

Центарот се наоѓа во просториите на Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје.