Отворен ден на Универзитетот на Југоисточна Европа

Отворен ден на Универзитетот на Југоисточна ЕвропаУниверзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, во сабота од 09 до 16 часот ќе има отворен ден за сите оние кои сакаат да се информираат за наставните програми и да се сретнат со персоналот на ЈИЕ.

Главните презентации ќе бидат одржани во 10 и 12 часот во зградата на Ректоратот а промоциите на македонски и на албански јазик, ќе се одржат веднаш по нив.

Според настанот кој е закажан на социјалните мрежи, посетителите ќе можат и да имаат тура со водич низ универзитетот и да научат повеќе за студентскиот живот на Универзитетот на ЈИЕ.

Факултетот по јазици, култура и комуникации, нуди додипломски и постдипломски студии по англиски, германски, албански и меѓународни комуникации.