На 6 април (четврток) од 10 до 16 часот ќе се одржува „Отворен ден на УКИМ“. Составните единици на најстариот и најдоброрангираниот универзитет во државата ќе ги претстават своите студиски програми.
Заинтересираните ќе имаат можност за разговори со професори и студенти, како и за меѓусебно дружење.
Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, како и изложба на богатата дејност на УКИМ.
Исто така, најавени се и забавни содржини и музичка програма.
Централниот настан е планирано да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите.