Отворен ден на Танц фест

Во рамки на програмата на Танц Фест, денеска, 7 април, во 18 часот во Дансинг салата во МКЦ ќе се одржи Отворен ден.

Танц Фест 2016 во духот на мисијата на фестивалот, повторно ја поттикнува креативноста кај најмладите и сака да обезбеди забава и дружење за љубителите на танцот.

На овој отворен ден, децата и младите ќе имаат можност да се запознаат, дружат, забавуваат и да ги разменат своите креативни идеи во однос на танцот. Во духот на уметноста и признавањето на трудот и напорот за креативно себеизразување, Танц Фест 2016, за прв пат ја воведува наградата “Пеперутка“ која на отворениот ден, специјално жири ќе ја додели во неколку категории:

– Најдобар настап

– Најдобра кореографија

– Најдобра интерпретација

– Најдобар сценски израз

– Најдобар костим

На овој отворен ден, селектирани се повеќе студија од Македонија, кои го практикуваат танцот како алатка за комуникација и креативно изразување на децата и младите.