Отворен ден на мултикултурализмот во Кичево

Здружението за развој на граѓанското опшество „Вредит да си од Кичево“ денеска во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ организира Отворен ден на милтикултурализмот во Кичево.

Отворениот ден се организира шест години по ред во градот, а овој пат ќе вклучи изложба на носии, културно-забавна програма и дегустација на традиционални кулинарски специјалитети од различни етнички заедници од Кичево.

„Оваа година е дел од проектите од Годишната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија финансиран како проект од национален интерес во културата од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2019 година, а исто така спонзорирано и од Општина Кичево и НУ Центар за култура ‘Кочо Рацин’ – Кичево“, велат од Здружението.