Отворен ден на младинската група на ХЕРА

Младинската група на ХЕРА во сабота (14 септември)  организира отворен ден во Младинскиот центар „Сакам да знам“- Водно.

Отворен ден на младинската група на ХЕРА

Во периодот од 12 до 18 часот, сите млади луѓе кои ќе сакаат да се запознаат со активностите на оваа организација ќе можат да го посетат центарот, каде што ќе ги чекаат активистите на ХЕРА и ќе им одговараат на поставените прашање. Ќе се разговара за  неформалното образование, за „Секси маало“, застапување и промоција, но и за можностите за соработка и партнерство.

„Овој отворен ден преставува уште една можност да станете дел од нашиот тим и да бидете волонтер“, стои во повикот на младинската група на ХЕРА.