Отворен ден на ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, во сабота (10 мај) со почеток во 11 часот ќе организира отворен ден на кој идните студентите ќе можат да се запознаат со можностите за студирање на факултетот.

Отворен ден на ФИНКИ

Притоа присутните ќе имаат можност да видат како е да се биде дел од академската средина, кои се предностите на Европскиот кредит трансфер систем и  да бидат запознаени со кадарот на факултетот и бенефициите од дипломата со која се стекнуваат на ФИНКИ.

На отворениот ден на ФИНКИ посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на летање на квадкоптер како и други анимации од страна на роботите кои ги изработиле студенти од факултетот.