Отворен ден на ФИНКИ, голем интерес за компјутерските науки

Со цел подобро запознавање со можностите за студирање, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство(ФИНКИ) организираше „Отворен ден“ за сите матуранти. Преку искуствата на постарите студенти од овој факултет,  посетителите имаа можност да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, но и да ги видат лабораториите и предавалните.

Отворен ден на ФИНКИ, голем интерес за компјутерските науки

Според Министерот за образование и наука Панче Кралев, кој го посети Отворениот Ден,  техничките науки се дефицитарни, но и најбарани на пазарот на трудот. Тој истакна и дека студентите од овој факултет, преку Министерство имаат можност за посетување на семестар на Универзитетот во Бостон. Исто така, информираше Кралев , од оваа година почнуваат и летни кампови за талентирани ученици кои ги организираат  ФИНКИ на Машинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет, а на кои се овозможува престој од три недели каде што учениците ќе работат со професорите од овие факултети.

За деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов, радува фактот што четири реномирани странски компании веќе биле во посета на Факултетот и барале инженери за новите компании. Заинтересираноста за студирање на овој факултет е голема, вели Трајанов кој додава и дека лани биле запишале 680 студенти.