Отворен ден на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Во сабота (26 април) со почеток во 10 часот, ФЕИТ ќе одржи отворен ден за идните студенти. Целта на настанот е матурантите и сите заинтересирани да се информираат за уписите, студиските програми и начинот на студирање на ФЕИТ, како и за можностите кои се отвораат по завршување на студиите на факултетот.

Отворен ден на Факултетот за елктротехника и информациски технологии

На отворениот ден на ФЕИТ посетителите ќе се запознаат со наставниот кадар, како и со студентите кои студираат на факултетот. Тие ќе имаат можност да ги разгледаат простoриите на ФЕИТ и лабораториите во кои се изведува практичната настава.

Отворениот ден има за цел да ги обелодени и разоткрие сите „митови и мистерии“, да даде одговор на сите прашања, нејаснотии и заблуди во врска со предметите, професорите, наставата, самиот факултет и сè останато.

Отворениот ден на ФЕИТ е во организација на Деканатот на факултетот и Центарот за нови студенти, тело кое е основано за да се овозможи полесен и поедноставен начин за информирање на матурантите во врска со студиите на ФЕИТ.

„Нашиот Факултет низа години наназад успешно го организира отворениот ден на ФЕИТ, настан во кој се вклучени сите вработени на ФЕИТ, а огромна поддршка добиваме и од Студентскиот парламент на ФЕИТ, “ вели д-р Александра Крколева Матеска, раководител на Центарот за нови студенти на ФЕИТ.