„Отворен час“ со Кристина Леловац во „Јавна соба“

„Театар за сите“ на 19 јануари од 19 часот во „Јавна соба“ организира уште еден од низата настани „Отворен час“, овој пат со Кристина Леловац.

„Часот го именувавме ‘(Само)изградба на актер(к)ите’, не само во ‘станиславски’ контекст, туку со цел пошироко да се осврнеме на формалното образование кое еден актер го поминува, односно, како изгледа формалниот тренинг на актерите, што е она што актерите го учат, но и што е она што актерите би требало да го практикуваат откако формалната едукација ќе заврши“, велат од „Театар за сите“.

Инаку, Кристина Леловац е актерка и доцентка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ќе биде гостинка на деветтиот по ред „Отворен час“ на „Театар за сите“.

Отворените часови се случуваат еднаш месечно. Тие се отворени и бесплатни настани за сите. За да присуствувате, задолжително е да се најави присуство на teatar.za.site@gmail.com со име и презиме.