Отворање на нови простории и собирање на пари за „Една може!“

Денес (08.02), со почеток од 17 часот, ќе се одржи собирање на средства за „Една може!“ и воедно ќе бидат отворени новите простории. Адресата е Народен Фронт бр.5, во белите кули кај Цветен пазар.

„Земајќи ги предвид сите заложби и напори кои ги правевме во движење изминативе години, затворените врати и правните лавиринти низ кои поминувавме, на најженскиот ден во годината, „8ми“ март, во среда, од 17.00 часот, сакаме да споделиме радост со сите кои не подржуваат“, пишуваат претседателката Дороти Пачкова.

Нивниот „нов дом“ го отвораат со подршка од Комерцијална банка АД Скопје. На настанот присутните ќе бидат запознаени со досегашните акции на организацијата, а ќе служи и како простор за вмрежување. Воедно, ќе биде претставено социјалното претпријатие „Една прави“ и акциите кои се планираани.

„И конечно, ќе го прославиме 8ми март, не како празник на жената, туку како празник на солидарност и родова рамноправност. За една да може, заедничариме сите!“, додаваат.

„Една Може!“ е здружение формирано за ефективна промоција и поддршка во остварувањето на правата и економскиот развој на самохраните родители и деца, со цел обезбедување на ресурси за достоинствен живот на членовите на еднородителските семејства во Република Македонија.

Започна да делува како интерактивна група за самохрани мајки на социјалната мрежа Фејсбук на почетокот на 2014-та година, а по неколкуте инцијативи за решавање на предизвиците на социјален и економски аспект, во мај 2016, „Една Може!„ прерасна во формално здружение. Има 2200 членки и членови кои се самохрани родители.