Отворање на изложбата „Слика или како сакаш“ во галеријата на ФЛУ

Во галеријата на Факултетот за ликовна уметност Скопје, во среда (9 декември) ќе се отвори изложбата „Слика или како сакаш“ на уметниците Ангел Миов, Борче Богоевски и Гоце Јанкуловски.

 

 

Со изложбата тројцата автори ќе се обидат најсериозно да го најават повторното враќање на сцената на некои подзаборавени принципи и вредности во сликарството.

Како што се наведува во соопштението за изложбата, авторите ќе се обидат да вратат на сцената некои подзаборавени принципи и вредности „есенцијални, суштествени, ингениозни, крајно сериозни и во секој случај морални и материјални одговорности кои се уредени со закони објавени во службени весници и други средства за јавно информирање, вклучувајќи ги сите медиуми: електронски, телекомуникациски, мобилни и монтажни, демонтажни, тажни и весели, весели и разиграни, разиграни и играни филмови, и сите филмови со добар кадар, кадарен да си ја работи поштено својата работичка без да се срами и жали за малите плати, плати-клати, клати-сфати. Сватот на еден пријател побара слика, он ќе ги купи боите, ти ако може да ја насликаш. Јас знам тројца сликари што не играат на свадби ама ќе им нарачаме СЛИКА ИЛИ КАКО САКАШ?“

токот на изложбата е најавен во 19:00 часот.