Отворање на изложбата „Јапонскиот лебдечки свет“ на 28 јуни во КИЦ

Амбасадата на Јапонија во соработка со  Културно информативниот центар – Скопје ја најавува изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век

Изложбата се вика „Јапонскиот лебдечки свет“, а ќе биде отворена на 28 јуни, петок, во 19 часот.

„По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за конечно да се врати во Скопје со поддршката на Културно информативниот центар – Скопје, Антонио Димитров и неговиот тим“, се вели во соопштението за изложбата.

Инаку, УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка за Музеј на Град Скопје и патуваат со помош на Горан Антевски, „Раде Кончар ТЕП“ и „AOTS- Македонија“ на инцијатива на Јасмина Намичева и Амбасадата на Јапонија.

За време на изложбите во сите градови „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици.