Отворање на 14-то издание на „Актерот на Европа“ со Јон Карамитру

Во амфитеатарот во Ресен, утре свечено ќе се отвори годинешното издание на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“. Добитник на наградата за животно дело „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот  и признати актер и режисер од Романија, Јон Карамитру.

На свеченоста ќе се доделат и наградите „Клучевите на Преспа“ намененети за истакнати личности од научната и образовната сфера, а годинешни добитници се академик Владо Матевски од Македонија и д-р Андраж Чарни од Словенија.

Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.

Во текот на фестивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенти од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје. Тие заедно со колегите од Франција, од 7 до 10 јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира и неговата книга посветена на Аполинер.

Јон Хориа Леонида Карамиру ( 9 март 1942) е романски театарски и филмски актер, режисер, како и политичка фигура. Тој беше министер за култура во периодот помеѓу 1996 и 2000 година. Роден во влашко семејство во Букурешт, дипломира на I. Л. Caragiale Институтот за театар и филмска уметност. Карамитру игра главни ликови во серијата театарски продукции со светски признати режисери , а режира бројби театарски, оперски, и оперета продукции.Има настапувано во повеќе од 30 филмови.

За својата работа во воспоставувањето на британско-романските културни врски, Карамитру беше именуван Офицер на Редот на Британската Империја. Во 1997 година, Министерството за култура на Франција му ја додели титулата на „Chevalier des Arts et des Lettres“. Во мај 2005 година, тој победи во трката за седиштето на Народниот театар од Букурешт, на местото на Dinu Săraru.

Фестивалот го организира Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, заедно со Општината Ресен и Здружението на граѓани „Езеро без граници“.