Отворање на канцеларија на средношколската заедница во ССОУ „Димитрија Чуповски“

Младинскиот образовен форум и ССОУ „Димитрија Чуповски“  ги поканува сите заинтересирани на завршниот настан за промоција на Средношколската организација при ССОУ „Димитрија Чуповски“ од  Велес. Настанот ќе се одржи на 09 мај (петок) со почеток во 12:00 часот во канцеларијата на Средношколската заедница при ССОУ „Димитрија Чуповски“ .

Отворање на канцеларија на средношколската заедница во ССОУ „Димитрија Чуповски“

На настанот ќе бидат промовирани активностите на кои работеше Средношколската заедница, а чија цел беше да се обезбеди зајакнување на капацитетите на средношколските форми на организирање како неопходен чекор кон формално основање и признавање на претставничко тело на средношколците.

Заедницата исто така работи и како поддршка на младите  во остварувањето на  нивните права, но и на нивна мотивација  да се вклучат во процесите на донесување на одлуки и да бараат решенија за своите проблеми. На настанот ќе биде промовирана новата канцеларија која ја обезбеди средното училиште за потребите на Средношколската заедница и за потребите на сите ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ .

Извор