Во среда, од 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се одржи изложбата на група уметници, креативци и ентузијасти наречена „Еко не его Арт“, со дела кои ќе испратат пораки на еколошка свесност и одговорност.
„Во комбинација на поврзување на она што 99% од популацијата го набљудува како отпад, ние ќе ви претставиме уметност, љубов, креација, синергија, алтруизам, свесност, екологија, одржливост, порака… Да се потсетиме, да активираме, со што директно можеме да влијаеме на свесноста за зачувување и заштита на природата, социјалната средина, како и културата на живеење во синергија со себе и со се што не опкружува“, најавуваат организаторите од Хуман свет.
На изложбата ќе учествуваат Сарита Конеска, Игор Љубовчевски, Гордана Винчиќ, Андријана Андреева, Хопс, Весна Петрушевска, Ања Илиева, Жаклина Димовска, Сали Ертунч, Глигор Кузмановски, Доротеј Нешовски, Викторија Попоска, Ѓорѓи Димовски и Воислав Стојановски
Со изложбата, како финален настан, завршува како циклусот настани во рамките на проектот „Обуки за развој на Бизнис Мрежна уметност и општествена одговорност на поединецот во заедницата – поддржан од Град Скопје – Сектор за локален економски развој.