Отварање на изложба на ОПА во СИА галерија

Изложбата на нови дела од групата ОПА е избрана за отворање на галеријата на Serious Interests Agency(SIA) во Скопје, во вторник (25 март), во 21 часот.

Отварање на изложба на ОПА во СИА галерија

OPA Professional е насловот на новата серија на проекти кои работи оваа уметничка група, а кои се чини дека припаѓаат во рамките на традицијата на убавите уметности (Beaux Arts). Со овој метод на работа, ОПА се оддалечуваат од делата со кои сме навикнати да ги гледаме и кои се повеќе контекстуални, site-specific, перформативни и концептуални, со силно чувство на слоевитост, критичност, аспект на цинизам или „стратегија на игра“.

Иако на прв поглед, OPA Professional, во однос на неговиот методолошки и визуелен пристап, нема поврзаност со другите проекти на Опа, сепак контекстуално оваа изложба ги одразува сегашните услови во системот на македонската уметност и општеството во целина – „познат терен“ за ОПА и соодветна платформа за започнување на проектите на SIA.

„Уметници: исчекувајте го со загриженост она што ќе го видите на оваа изложба. Премногу е лесно и опасно да стапнете на „безбедното тло“ на размислувањето во врска со создавањето „убавата“ уметност и да се заробите во тој најлажен и најпогрешен пристап во проценката на визуелната уметност – оценување на уметничкото дело во согласност со уметничкиот метод на (физичко) создавање на делото“, се наведува во повикот за изложбата.

Изложбата на ОПА ќе остане отворена до 8 април.

Групата ОПА (Опсесивно посесивна агресија) работи на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот и е формирана е во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски.

Serious Interests Agency (SIA) е независен центар во Скопје и промовира креативни и теоретски практики кои подразбираат општествен ангажман и промена. Иницијатори и директори на SIA се Нада Прља (уметност) и Даниел Серафимовски (архитектура).