Отсега може да се користат „емоџи“ за кодирање

Емоџикод“ е нов напреден програмски јазик кој може да се користи за да се направат апликации. Тој е со отворен извор и малите пиктограми формираат структура.

Јазикот создава доследен и стабилен интерфејс, но покрај „смајли“, треба да се користат и други знаци како променливи.

Откако ќе се внесат „емоџи“, програмата ќе биде извршена од „Real-Time Engine“, што е побрзо од просечна виртуелна машина само 100 килобајти. Програмскиот јазик може да се користи со Ubuntu, OS X, Raspbian.

„Емоџикод“ е корисен за оние кои веќе не сакаат да ги гледаат истите карактери, па затоа компанијата обезбеди и водич за програмирање за луѓето кои не се запознаени со овој процес.