Отсега може да се гласа кој да владее со Вестерос во новата сезона на „Игра на тронови“

Продуцентите на популарниот телевизиски серијал „Игра на тронови“ ги охрабруваат обожавателите да гласаат за тоа кој сметаат дека треба да владее со Вестерос во наредната, седма сезона на шоуто на НВО.

НВО започна веб страница за официјалната изборна кампања, наречена The GOT Party, на која обожавателите можат да гласаат за една од четири комбинации на лидер и заменик-лидер.

Секој пар има свое едноминунтно кампањско видео и слоган. „Изборите“ во Вестерос се случуваат паралелно со претседателските избори во САД.

Четирите комбинации понудени од продуцентите се Џон Сноу и Лиана Мормонт, Питер Бејлиш и Санса Старк, Денерис Таргериен и Тирион Ленистер и Серси Ленистер и Кајбурн.

Обожавателите можат да гласаат до 1 септември за нивниот омилен лидер. Досега се собрани 1.5 милиони гласови, „водат“ Бејлиш и Старк. Кампањата воедно и го промовира пуштањето на DVD сетот од шестата сезона во продажба и за преземање од интернет.