Отпуштени над 49 000 вработени во државниот и приватниот сектор по државниот удар во Турција

Повеќе од 49 000 луѓе во Турција добија отказ од работа во различни министерства и државни институции осомничени дека се вмешани во обидот за воен удар.

Министерството за образование, претходно, соопшти дека отпушти од работа 15 200 вработени.

Советот за високо образовани во Турција, пак, побара да бидат отпуштени од работа 1 577 декани и професори на државни и приватни факултети. Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека таа бројка е речиси половината од професорскиот кадар на турските факултети.

Турското Министерство за образование ги прогласи за работонеспособни 21 000 наставници кои работат во приватни институции.