Отпуштен портпаролот на „Нетфликс“ откако двапати го употребил „зборот на буквата н“

Менаџментот на интернет-компанијата „Нетфликс“ соопшти дека главниот портпарол Џонатан Фридленд двапати „го употребил зборот што почнува со буквата н“, што се смета за навредлив и за табу.

Како што пишуваат американските медиуми, во прашање е зборот „nigger“, кој го карактеризираат дека на навредлив начин ги означува црнците.

Фридленд рече дека ја напушта компанијата по седум години работа и додаде дека го употребил навредливиот збор на шега.

„Длабоко жалам што им нанесов штета на луѓе во компанијата што ја сакам и сакав сите да се чувствуваат како дел од тимот и да бидат почитувани“, рече сега веќе поранешниот портпарол на „Нетфликс“, претходно новинар во комуникацискиот тим на „Дизни“ и во „Вол стрит џурнал“.