Отпечатоци од стапала на диносаурус стари 100 милиони години пронајдени во југозападна Кина

Отпечатоци од стапала на диносаурус стари 100 милиони години беа откриени во југозападна Кина во двор на ресторан во Лешан, во провинцијата Сечуан.

Неколку камени јами во ресторанот во Лешан содржеле отпечатоци од два сауроподи, вид диносауруси кои живееле во раниот период креда, рече Лида Ксинг, палеонтолог и професорка на Кинескиот универзитет за геонауки.

Нејзиниот тим го потврди откритието во саботата користејќи 3Д скенер.

Сауроподите, познати по долгите вратови и опашки, беа најголемите животни што некогаш оделе на Земјата. Двата сауроподи кои оставиле траги веројатно биле долги околу 8 метри, рече Ксинг.

Иако во Сечуан се откриени многу фосили од диносауруси од периодот јура, многу повеќе фосили се пронајдени од периодот креда. Ксинг рече дека периодот креда е „златното доба на диносаурусите“ и дека „ова откритие е како парче од сложувалката која го опишува периодот креда во Сечуан и е сведок на различноста на диносаурусите“.

Брзиот развој на Кина во последните децении ја отежна палеонтологијата, односно проучувањето на древниот живот преку фосилните записи.

„Реткост е да се најдат фосили во град, бидејќи сите се покриени со згради“, изјави Ксинг.

Нејзиниот тим има за цел да ги посети местата со потенцијални откритија во рок од 48 часа по добивањето извештај, поради страв дека „во рок од неколку дена би можеле да бидат уништени од градежни работи“.