Откриено езеро со течна вода на Марс

Езеро со течна вода е откриено со радари под јужната поларна ледена површина на Марс, според нова студија на италијански истражувачи од италијанската вселенска агенција, објавена во списанието „Science“.

Доказите беа собрани од страна на напреден радар за подземни и јонизирачки звуци, познат како МАРСИС, на вселенскиот брод „Марс експрес” на Европската вселенска агенција.

Помеѓу мај 2012 и декември 2015 година, МАРСИС се користеше за да се прегледа регионот на Планум Аустрале, кој се наоѓа на јужниот дел на ледената површина на Марс. Тој испрати радарски импулси низ површинските и поларните ледени делови и мереше како радиобрановите се рефлектираат назад до „Марс Експрес“.

Овие импулси рефлектираа 29 групи на радарски примероци кои создадоа карта на драстични промени во сигналот речиси 1,6 километри под површината. Езерото се протега околу 20 километри и изгледа многу слично на езерата што се наоѓаат под Гренланд и Антарктичките ледени плочи на Земјата, се вели во студијата. Радарот ја рефлектираше осветленоста на карактеристиката, сигнализирајќи дека тоа е вода.

„Ние ја толкуваме оваа карактеристика како стабилно тело на течна вода на Марс”, пишуваат авторите во студијата.
Тие отфрлија какви било други причини за оваа осветленост.

Претходно, имаше неколку предлози за вода на Марс, но досега немало докази за стабилни водни тела, велат истражувачите.

Сепак, ваквото присуство на течна вода за првпат било хипотетички претставено пред 31 година.

Со оглед на нејзината локација под поларниот мраз, се очекува водата да е под точката на мрзнење на водата. Но, солите како магнезиум, калциум и натриум веќе пронајдени на Марс може да помогнат водата да формира саламура, што ќе ја намали точката на топење за да му овозможи на езерото да остане течно.