Откриен нов материјал кој го припојува човечкиот мозок со вештачка интелигенција

Научниците открија нов биосинтетички материјал за кој тврдат дека може да припојува вештачка интелигенција за човечкиот мозок.

Откритието кое беше претставено на виртуелниот саем на Американското хемиско друштво, е голем чекор кон интегрирање на електрониката во телото за да се создаде „киборг“ – получовечко, полуроботско суштество.

Поврзувањето на електрониката со човечкото ткиво беше голем предизвик бидејќи традиционалните материјали како златото, силиконот и челикот предизвикуваат лузни при припојувањето.

Ваквите лузни не само што го оштетуваат ткивото туку тие ги прекинуваат и електронските сигнали помеѓу компјутерот или мозочното ткиво.

Научниците од Универзитетот во Делавер го надминале овој проблем користејќи различни видови на полимери.

„Ја добивме идејата за овој проект бидејќи се обидувавме да споиме ригидни органски микроелектроди во мозокот, но мозоците се составени од органски, солени и живи материјали. Идејата не функционираше, па се одлучивме да побараме подобар начин. Започнавме да бараме органски електронски материјали како полимери кои биле користени во небиолошки уреди. Пронајдовме хемиски стабилен пример кој комерцијално се продава како антистатично прекривање за електронски уреди“, истакнал др. Дејвид Мартин, кој го предводел истражувањето.

Полимерот, познат како „Педот“ ги поседува потребните карактеристики за да ја прекрие електрониката со човечко ткиво без да предизвика лузни, а истовремено и да ја подобри работата на медицинските импланти.

Сестраниот полимер „Педот“ во скоро време беше искористен и за трансформирање на стандардните цигли во уреди за складирање на електрична енергија, поради неговата карактеристика да навлезе во цврсти материјали и да пренесува електрицитет.

Последното истражување користело „Педот“ со антитела кои стимурирале раст на крвни келии по повреда, а ваквата технологија истовремено може да се користи за рано откривање на тумор во телата.

„Педот“ полимерите можат да се искористат при третирање на мозочни или нервни оштетувања, а верзија на полимерите може да припојува пептиди, антитела и ДНК.

Научниците направиле спој на полимер со допамин, кој може наголемо да се употребува при третирање на зависности.

Неколку компании и институти за истражување веќе работат на технологија за припојување на мозокот со компјутери, а „Неуролинк“ на Елон Маск е најблиску до усовршување на комерцијален производ.

Извор: Guardian