Отказ за педесетина вработени во студентските домови

Повеќе од педесеттина вработени во коплексот државни студентски домови останаа без работа, објави 24 вести.

Отказ за педесетина вработени во студентските домови

Вчера ги повикала директорката и им кажала дека им биле прекинати договорите на дело и доколку сакаат да работат како волонтери можат да останат.

Незадоволни се од ваквиот исход бидејќи им била понудена двојно пониска плата, а не земале плата ниту за последните два месеца.

Тие вчера револтирано се собраа пред министерството за образование каде бараа средба со ресорниот министер да им објасни зошто се уште не добиле плата и да им доделат решенија за постојан работен однос.

Но, оттаму им кажале дека со претставници од министерството ќе можат да се стретнат од понеделник.

Извор: ТВ 24 вести