„Осветли го Скопје“ – ноќно качување на „Водно“

Вечерва, од 19:30 часот ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно”.

Овој настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до врвот.

Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 км и се пешачи околу час и половина до два часа.

Зборно место е пред училиштето „Кочо Рацин” во 19:15 часот. Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, треба да бидат кај фонтаната во 20:15 часот, каде ќе има пауза од 5 до 10 минути.

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– резервна маица
– вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

Организаторите напоменуваат дека во случај да се пријави некој со послаби кондициони способности, се препорачува да се искачи само до средно Водно. Оттаму посочуваат секој е на своја одговоост.