Осуммина починати и 554 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 554 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 258 случаи во Скопје, 51 во Кавадарци, 41 во Прилеп, 25 во Куманово, 22 во Неготино, 18 во Охрид, 16 во Тетово, 13 во Струга, 12 во Гевгелија и 11 случаи во Битола.

Потоа, по десет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Велес, Струмица и Крива Паланка, осумво Штип, седум во Кичево, по шест во Гостивар и Валандово, по пет во Крушево и Богданци, по четири во Пробиштип и Демир Хисар, три во Кочани, два во Делчево и по еден во Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале осум лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 77 и 70 години и по еден од Прилеп на 72 години, еден од Кавадарци на 73 години, еден од Охрид на 71 година, од Ресен на 68 години, од Валандово на 66 години и еден од Дојран на 64 години.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2 и по 1 од Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.477 тестови.