Осуммина починати, 144 новозаразени и 97 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале осум лица, односно, еден пациент од Куманово на 48 години, пациент од Штип на 65 години, двајца пациенти од Прилеп на 62 и 83 години, пациент од Тетово на 69 години, пациент од Струмица на 39 години, пациент од Виница на 63 години и пациент од Кичево на 56 години.

Од МЗ соопштуваат дека се потврдени 144 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 27 случаи во Скопје, 15 во Струмица, по 13 во Прилеп, Тетово и Кочани, 11 во Куманово, по осум во Гостивар и Радовиш, по пет во Штип и Битола, четири во Велес, по три во Дебар и Делчево, по два во Охрид, Гевгелија, Крушево, Берово, Кичево и Ресен и по еден случај е регистриран во Кавадарци, Крива Паланка, Македонски Брод и Виница.

Институтот за јавно здравје регистрирал 97 оздравени пациенти, 33 од Куманово, 22 од Скопје, седум од Прилеп, пет од Делчево, по четири од Битола и Кочани, по три од Крива Паланка и Кичево, по два од Штип, Тетово, Берово и Свети Николе и по еден од Струга, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Крушево, Македонски Брод и Виница.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. Денеска се регистрира еден контролен од вчерашните тестови“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се осум пациенти,а вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 42 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19 и шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 172.700 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.545 теста.