Осумгодишно момче се запиша на факултет

Момче од Белгија, кое со само осум години го заврши средното училиште, наскоро ќе тргне на факултет. За само 18 месеци, Лоран Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, го заврши своето шестгодишно образование и дипломираше со 18-годишниците.

Неговите родители тврдат дека детето има коефициент на интелигенција од 145, објави ББЦ.

Лоран изјави за белгиските медиуми вели омилен предмет му е математиката бидејќи, појаснува, тој е опширен – има статистика, геометрија, алгебра…

Два месеци откако завршил средно училиште, Лоран се запишал на факулет. Неговиот татко забележува дека Лоран имал проблеми кога бил помал да си игра со други деца и не бил особено заинтересиран за играчките.

Лоран сакал да биде хирург или астронаут, но сега размислува да се занимава со компјутери.

„Ако утре одлучи да биде столар, тоа нема да биде проблем за нас, се додека е среќен“, вели таткото на Лорен.